02 Мај, 2024
0.0253

Од што „светна“ резервата на Граве Осигурување неживот?

Објавено во: Економија 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Независната ревизија дала мислење со резерва за деловното работење на Граве осигурување неживот во финансиските извештаи за лани затоа што во 2018 година книжеле потценета бруто резерва за штети во износ од 350.000 евра што влијаело годината да ја завршат со добивка

Независната финансиска ревизија беше резервирана во однос на финансиските извештаи за Граве осигурување неживот за 2019 година затоа што компанија во 2018 година искажала бруто резерва за исплата на штети која била потценета за 350.000 евра. Тоа потценување на резервата за штети влијаело позитивно врз добивката на друштвото односно таа била натценета за износ од 350.000 евра. Реално гледано, ако книговодството на друштвото не ја потценело резервата компанија 2018 година ќе ја завршело со загуба (затоа што добивката во таа година изнесува околу 14.000 евра).

Во мислењето на независниот ревизор пишува „следствено со состојба на 1 јануари 2019 година пренесената загуба е потценета за износ од 21,5 милиони евра (околу 350.000 евра н.з.) , а промените во бруто резервите за штети обелоденети во белешка 22 кон придружените финансиски извештаи како и загубата за годината која заврши на 31.12.2019 се натценети за истиот износ.“ Исто така ревизорот утврдил дека не е во согласност со сметководствената политика тоа што друштвото го надополнило тој износ со пресметката на резервите за штета во тек на 2019 година.

Граве Осигурување неживот од лани во јули е сопственост на австриската компанија Гразер Вехселсетиг Верисшерунг кое ја купи македонската осигурителна компанија од албанскиот осигурителе институт ИН СИГ. 

Лани оваа компанија ја заврши со загуба од работењето која изнесува 3,2 милиони евра. Нето приходите од премија лани изнесувале 5,35 милиони евра и се за речиси 340.000 евра поголеми од 2018 година. Истовремено расходите од работењето лани во однос на 2018 година пораснале за 3,6 милиони евра во однос на претходната година и достигнале 8,8 милиони евра. Од тоа бруто исплатените штети се 3,2 милиони евра и пораснале за 1,85 милиони евра во однос на претходната година. Бруто резервите за штети на крај на 2019 година достигнале 856.000 евра што е за 377.500 евра повеќе од 2018 година. Нето трошоците за спроведување на осигурувањето лани достигнале 2,83 милиони евра и безмалку се непроменети во споредба со претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?