Од утре iPhone 5 во Македонија
Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 13:11
На македонскиот пазар од утре ќе биде достапен новиот iPhone 5 од 16 GB, преку Т-Мобиле Македонија, за 13.900 денари во тарифата i3600 со потпишан договор за Доверба 24.
Најновиот iPhone 5 е најтенкиот и најлесниот iPhone досега, комплетно редизајниран со нов 4 инчен ретина екран, А6 чин дизајниран од Apple за супербрзи перформанси и ултра брза безжична технологија, кои придонесуваат за подобра издржливост на батеријата. iPhone 5 доаѓа со iOS 6, најдобриот и најнапредниот мобилен оперативен систем за мобилни уреди во светот со над 200 нови карактеристики кои вклучуваат: целосно нова апликација за Мапи со картографија дизајнирана од Apple и навигација со говорни и визуелни инструкции, интеграција со Фејсбук за организирање на билети, пропусници и картички за лојалност.
- Го носиме iPhone 5 во Македонија како последно иновациско решение во мобилната телефонија. Токму затоа Т-Мобиле е лидер на пазарот, постојано е во чекор со светските технолошки трендови, правејќи ги достапни за македонските граѓани. Најновиот iPhone 5 како најнапредната комуникациска алатка овозможува брз и сигурен пристап до повеќе мултимедијални содржини. Овој апарат овозможува олесната и понапредна комуникација во движење, едноставност при ракување, неограничена забава и зголемен адреналин за сите љубители на паметните телефони, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





