05 Декември, 2025
0.1561

Од задутре, кој сака да бере боровинки, прво ќе мора да извади дозвола

Објавено во: Агробизнис 30 Јули, 2013 14:40

Добивај вести на Viber

Cобирачите на шумски плодови, од задутре, 1. август, ќе добиваат дозволи кои ќе им ги доделува подружницата на Македонски шуми „Бор” од Кавадарци. - Тоа е во согласност со добиениот допис решение од дирекцијата на Македонски шуми, Сектор за користење на други шумски производи. Од почетокот на наредниот месец сите кои сакаат, можат слободно да собираат боровинки, смрекинки, мечкино грозје, диви јаболки и други шумски производи. Но, мораат претходно да добијат дозвола за тоа од нашата подружница. Таа чини 400 денари од човек. За да се добие една таква дозвола, мора да се приложи лична карта - појасни Петко Ристовски, шеф на службата за заштита на шумите во „Бор”. Таквата дозвола собирачот на шумски плодови може да ја користи до крајот на годината. Таа важи за сите региони во државата. Што се однесува до самите откупувачи на шумски плодови, тие мораат да се јават во дирекцијата на „Македонски шуми” во Скопје и таму да се верификуваат како откупни центри, да склучат договор и да можат да вршат откуп на шумски плодови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?