Од утре стратуваат отворените денови на Централниот регистар
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2013 14:08
Централниот регистар на Република Македонија од утре почнува со отворените денови на кои граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Акцијата ќе се реализира во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар. Отворените денови почнуваат во Велес, додека распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб страницата на Централниот регистар.
- Тимовите брзо и ефикасно ќе може да им дадат одговор на заинтересираните на самото место, а граѓаните ќе бидат информирани за сите отворени прашања што за нив претставуваат дилема. Ако барањата на граѓаните се надвор од надлежностите на Централниот регистар, ќе го упатиме до институцијата која е надлежна за решавање на нивниот проблем, истакна директорот Ванчо Костадиновски на денешната прес-конференција.
Во врска со актуелното бришење на неактивните фирми согласно новите измени на Законот за трговски друштва, Костадиновски информираше дека веќе има објава за првата категорија компании.
- По завршувањето на законски утврдените рокови, ќе преминеме кон бришење и нормално дека сликата која создаваше недоумица во јавноста во однос на статистиките за неактивност на фирмите ќе се измени, односно таа бројка ќе биде намалена со првата категорија. Потоа ќе се оди кон втората категорија фирми што не се активни, односно немаат доставувано годишни сметки за последните три години или имаат доставувано изјави и празни годишни сметки за немање на деловна активност. На крај ќе се оди со третата категорија, односно Управата за јавни приходи врз основа на регистарот што го има преземено од Агенција за блокирани сметки ќе не извести кои се компаниите со блокирани сметки, појасни Костадиновски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





