Од вечерва на полноќ Србија оди во карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Март, 2021
И овој викенд Србија се затвора. Но, сега затворањето почнува од вечерва на полноќ.
На седницата на Кризниот штаб се донесени мерки за претстојниот викенд, според кои во сабота и недела нема да работи ништо освен продавниците за храна, аптеките, здравствените установи, бензинските пумпи за полнење гориво, киосците и доставувањето храна. Бројот на заразени расте. Во средата, имаше 4.590 новоинфицирани, што е најголем број на позитивни тестови од 18 декември, кога беше пикот. Досега се ревакцинирани скоро 700.000 граѓани и се користени околу 1,85 милиони вакцини. Србија во мај ќе почне да ја произведува руската вакцина Спутник В.
Наесен земјата ќе има и фабрика за производство на кинеските вакцини Синофарм.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.