07 Октомври, 2024
0.0265

ОД ВЛАДАТА СЕ ПРАВДААТ: Tврдат дека се далеку поштедливи од нивните претходници

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Додека во минатото граѓаните прашуваа на што се трошат нивните пари, а власта молчеше, денес, институциите самостојно објавуваат за какви цели се користат буџетските средства, соопштиja oд Владата. 

Оттаму велат дека наместо тајни и високи сметки за непродуктивни трошоци, денес во јавните извештаи стојат информации од бифеата во институциите, за искористени кафиња, чаеви и води за работни состаноци со членови на комисии, работни групи, граѓани, претставници на синдикати, компании, здруженија, меѓународни организации, амбасади.

Во дел од министерствата, се наведува во соопштението, сите вакви трошоци се одобрени и потпишани од министрите, пријавени во извештаите за отчетност, а се користени од голем број административни службеници и граѓани исклучиво за потребите на работните состаноци за реализација на програмата на Владата.

„Ова е причината зошто кај некои носители на јавни функции трошоците за угостителски услуги се повисоки во однос на останатите. Со потписот на дел од министрите, одобрувани се трошоците направени во бифеата на сите раководители во институцијата, а вкупниот износ е претставен во Алатката за отчетност, во ставката угостителски услуги, како службен трошок на функционерот“- наведуваат од Владата.

Министрите, замениците министри, државните секретари, генералниот секретар и премиерот во сегашната Владата на РМ во првите шест месеци, како што се истакнува, реализирале скоро три пати помалку трошоци во надворешни угостителски објекти (1.008.057 денари), во споредба со функционерите на претходната власт (2.858.244 денари).

Двојно помалку се направени трошоци во угостителски објекти во странство (733.552 денари во првите шест месеци од Владата во 2014 година, наспроти 345.989 во првите шест месеци од Владата во 2017 година). Во тековниов период, на иницијатива на министерствата и Владата се прават дополнителни заштеди на трошоците во бифеата, имајќи предвид дека Службата за општи и заеднички работи склучи договори со два нови оператори кои обезбедуваат пониски цени за пијалоците, во споредба со наследените договори од претходната власт, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот