20 Декември, 2025
0.0472

„ОД ВЛАДАВА ЌЕ ВЕ ОСТАВАТ ДА ИЗГОРИТЕ ИЛИ ДА СЕ УГУШИТЕ“: Арсовска се жали „сами се справуваме со сѐ“

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека сами се справувале со пожарот во депонијата во Визбегово, а дека потоа сите дошле да се сликаат.
САМИ СЕ СПРАВУВАМЕ СО СЀ, САМИ.

Вчера подметнати пожари на 2 локации во Визбегово, а директорот на ЦУК Мухамед Али место да помогне чекаше да ги локализираме, па отиде да се слика.

Од Владава ќе ве остават да изгорите или да се угушите и нема да мрднат со прст, а кога видоа дека се локализира пожарот од нашите екипи отидоа да се сликаат. И да, надлежни се за да постапат.

Тој Министерот за животна средина има сам повеќе буџет од сите општини заедно во Македонија. Што не излезе да ја исчисти таа депонија, земјиштето е на Република Македонија и дел приватна сопственост, НЕ Е НАША СОПСТВЕНОСТ НИ НАША НАДЛЕЖНОСТ.

Пожарот во отежнати услови 12 часа го гасеа членовите на најдобрата противпожарна бригада во регионот Противпожарната бригада на ГРАД СКОПЈЕ со дополнителна механизација на јавните претпријатија на ГРАД СКОПЈЕ. И никој друг.

Бар со едно возило или со еден човек да помогневте да се изгаси пожарот. На таа депонија нашите инспектори сторителите ги фатија УШТЕ ПРЕД 2 ГОДИНИ, пријава е поднесена. Ако не постапувале тие пред вас и вие ли нема да постапите?

Доста ви ја вршевме работата, ни депонии ни фабрики што загадуваат не се наша надлежност, ама ги гониме за да живееме подобро. А вие што правите? Една депонија исчистивте ли? Ние исчистивме 280“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки