ОДАТ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР: „Кромберг и Шуберт“ ги пушти дома своите 5.800 вработени

Објавено во: Економија, Корона Вирус 19 Март, 2020 15:56
Фабриката „Кромберг и Шуберт“ од Битола ги испрати на колективен одмор сите 5.800 вработени.
Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката.
Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.
-Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука.
Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија, посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.
Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот.Можеби ќе ве интересира
ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите
НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“

ДОСЕГА НЕВИДЕН „БУМ“ НА ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА: Трендот продолжува и годинава
