17 Мај, 2024
0.0301

Одбележан Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Објавено во: Мои пари, Македонија 17 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Клиниката за детски болести Скопје преку кампањата Шанса за живот иницирана од компанијата ОКТА го одбележа Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17ти ноември. По тој повод, околу триесет деца, некогашни пациенти на Клиниката за детски болести, заедно со нивните родители беа специјални гости на настанот организиран во Cineplexx. Децата имаа можност да се забавуваат, да цртаат, бојат, се дружат меѓусебно и потоа го гледаа најновиот долгометражен цртан филм, Снупи и Чарли Браун.

„Децата родени со компликации и предвремено родените бебиња поминуваат еден нетипичен процес на адаптација и тоа на нив може да остави извесни последици. Токму затоа и заради нашата постојана грижа за овие деца, ја поттикнавме оваа иницијатива, создавање на место и можностза дружење и каде може да бидат дел од еден интерактивен социјален концепт. Треба сите да разбереме дека моментите за размена на искуства и доживувања се бесценети во процесот на опоравување кој може да трае со години“, изјави Аспазија Софијанова, Директор на Клиниката да детски болести Скопје.

деца 1

На Одделот за педијатриска интензивна нега и терапија се примаат деца од новороденечка возраст до адолесценција. Годишно на одделот се хоспитализираат 350-400 пациенти, од кои 85 отсто се новородени, половината од нив се родени предвреме. Кампањата „Шанса за живот“ го поттикна прашањето за состојбите на ова одделение и во голема мера придонесе за подобрување на состојбата на одделението и зголемување на неговите капацитети.

Задоволство е да се види дека кампањата Шанса за живот,продолжува да ги обединува компаниите, институциите и семејствата,со цел подобрување на условите на Клиниката за детски болести, преку обезбедување на модерна и функционална опрема. Со одбележувањето на овој ден, сакаме заеднички да испратиме порака дека се уште постојат мали борцина кои име потребна помош за да ја извојуваат својата прва битка во животот“, изјави Марија Ставрева менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

деца 2

На настанот присутен беше и новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп, а своја поддршка за настанот и кампањата дадоа и Бебелан, компанија за бебешки и детски премиум производи, Бимек, центар за медицинска опрема, како и издавачката куќа Просветно дело и Еду Мак.

„Вклучувањето во одбележување на овој ден како и донирање во кампањата Шанса за живот е во согласност со нашата компаниска филозофија и посветеност. Овој настан и пораките што ги испраќа се спој на сето она за што се залагаме. Со искрена грижа за правилниот детски развој преку создавање на врвни производи наменети за бебиња од најмала возраст, што ги содржат сите основни состојки неопходни за осигурување на здрав раст и развој, Бебелан создава специјално избалансирана вода, адаптирано швајцарско млеко и влажни марамчиња“, изјави Александар Шишкоски од Бебелан.

Обезбедување на здрава и безбедна иднина за децата и родителите преку подобрување на здравствените услуги е дел од нашата мисија, а имајќи го предвид значењето на мајчиното млеко, како и клучната улога на доењето во развојот на новороденчето, се трудиме низ разни проекти да го помогнеме и олесниме овој процес", изјави Катерина Сотировски, одговорна за односи со јавност во Би-МЕК.

деца 3

Во 2013 година просечно на месечно ниво на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести биле згрижени 3 до 4 предвремено родени бебиња, во 2014 бројот е зголемен за некаде 50 отсто и сега во просек има 6 до 7 бебиња месечно. Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца кој е последица на современиот начин на живот, поместувањето на старосната граница кај мајките и тоа што е се поголем бројот на прворотки на возраст постара од 35 години, како и на примената на ин витро оплодувањето кое често резултира со близначка бременост која сама по себе е многу ризична и голем дел од овие бебиња се предвреме родени.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени