06 Октомври, 2024
0.0322

Одбиено секое второ барање за лекување надвор: Дали Тамара не беше доволно предупредување?

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на граѓани што поденеле барање за лекување во странство, но се намалува бројот на одобрени барања. Официјалните податоци од Фонодот за здравствено осигурување откриваат дека лани биле поднесени 296 барања за лекување во странство, што е за 19 барања повеќе во однос на 2013 та година. Од друга страна, се намалува бројот на извршени лекувања. Имено лани биле извршени 123 лекувања надвор од земјава, за разлика од 2013 та кога таа бројка изнесувала 148. Според официјалното образложение од ФЗО, причината за одбивање на барањата за лекување во странство, пред се е тоа што осигурениците не ги исцрпиле сите можности за лекување во земјава. “Осигурениците  чии  барања  за  лекување  во  странство  се  одбиени  од  комисијата  за  лекување  во странство, поради тоа што не биле исцрпени можностите за лекување во постојните здравствени установи во  Републиката,  или  поради  тоа  што  не  постоеле  можности  за  успешно  лекување  на  заболувањето  во странство,  имаат  право  да  поднесат  жалба  до  второстепениот  орган,односно  до  Управниот  одбор  на Фондот за здравствено осигурување на Македонија“, наведува ФЗО во својот извештај. Од вкупниот број на поднесени барања за лекување во странство, 142 лица биле одбиени со образложение дека не биле исцрпени можностите за лекување во здравствените установи во земјава. Лани, биле одобрени 26 барања за продолжување на лекувањето во странство или признавање на дополнителни трошоци за одбореното лекување. Во однос на итните случаи ФЗО наведува: “Во 2014 година во редовна постапка, се донесени вкупно  121  решение  во прв степен за користење здравствени услуги во странство како итни случаи, што е помалку за 265 решенија во однос на 2013 година“ fzom2 Во анализираниот период пак биле поднесени вкупно 106 жалби кои се однесуваат на лекување во странство, од нив само 25 биле решени позитивно, во корист на пациентот, додека 81% од жалбените предмети биле одбиени како неосновани или од вкупниот број на жалби 24% биле решени како основани. Ако се анализира состојбата со прифатените жалби, податоците покажуваат дека овој процент значајно се намалува. Така, во 2013 та година биле поднесени 106 жалби од нив биле прифатени 38%. Како најчести видови на лекувања во странство, лани биле очните заболувања, потоа детската кардихирургија, неврохируршки лекувања, ОРЛ, детска хирургија итн. Како најпосетувани земји за лекување биле Турција и Бугарија. fzom Случајот на Тамара: Предупредување за сите Во Февруари годинава, поради случајот со малата Тамара, чија смрт беше последица на административниот лавиринт во здравството, оставки од челните позиции понесоа директорката на фондот Маја Змејкова –Парнарџиева и вториот директор Џемали Мехази. „Јас сум човек кој е воспитан приватно и професионално да помага секому и истовремено сум емотивна личност, а не некаков ладен бирократ и сите овие напади лично ме погодија. Денеска објавувам дека од човечки причини се повлекувам од функцијата директор на Фондот“, изјави сега веќе поранешната директорка на фондот, Парнарџиева. По трагичниот крај на деветгодишното девојче, кое почина чекајќи го решението од ФЗО за лекување во странство, граѓаните почнаа и не застанаа со масовни протести на кои се бара оставка и од министерот за здравство Никола Тодоров. Тамара требаше да замине на операција во Туција која чинеше само 30 000 евра. Случајот дополнително доби и бизарна димензија откако два дена по смртта на Тамара, на адреса на нејзините родители стаса одобреното барање за лекување во странство. На почетокот од 2013 та година Владата го промовираше проектот “За 200 евра лекување во странство“. “Досега пациентите учествуваа со 20 проценти од трошоците, а од први јануари годинава ќе плаќаат најмногу 12 илјади денари за лекување во странство. Целиот останат трошок, без разлика колкав и да е, го плаќа државата“, изјавија тогаш од Владата. Во пакет со овој проект, Владата најави дека ќе го зголеми и буџетот на фондот, почнувајќи од 2013 та година. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип