Одбран операторот кој ќе обезбеди „зелена нафта“, се чекаат платежните картички
Објавено во: Агробизнис 07 Јули, 2019 15:54
Николче Бабовски, директорот на Платежната агенција, објави дека денеска е одбран операторот со најповолна понуда на тендерот кој ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта во рамки на предизборниот владин проект, но при тоа не го спомена името на победникот.
- Веќе избрана е компанија на тендерот во вредност од 200 милиони денари. Наредната недела ќе биде потпишен договорот. До крајот на месецот очекувам да се дистрибуираат првите платежните картички до земјоделците. Овој проект ќе започнеше и порано но шест месеци беше заглавен во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска Бабовски.
Се очекува наскоро платежните картички да бидат персонизирани и да им го намалат за 30 отсто овој трошок за гориво. „Зелените“ картици ќе им се доставуваат преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





