Одделот за урологија во „Аџибадем Систина“ е на ниво на големите светски центри – посета на уролозите д-р Наталија Гарцка и д-р Акилас Котурис
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2023 13:10
Викендов во посета на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и Одделот за урологија беа истакнатите уролози, д-р Наталија Гарцка, од Виена и д-р Акилас Котурис, од Грција. Посетата на докторите беше предводена од шефот на Одделот за урологија, д-р Александар Мицковски и светскиот еминентен уролог, детски хирург и микрохирург, со над 20-годишно искуство во урологијата и гениталната реконструктивна хирургија, д-р Владимир Којовиќ. За време на дводневниот престој, тие детално се запознаа со функционирањето на Одделот за урологија, за кој велат дека е на ниво на големите светски уролошки центри.

„Во ’Аџибадем Систина’ се изведуваат најсложените реконструктивни уролошки интервенции врз пациенти кои имаат сериозни проблеми, а овде имаме совршени услови за да ги изведеме беспрекорно и успешно. Чест ни е што имаме посета од нашите колеги од Австрија и Грција, д-р Наталија Гарцка и д-р Акилас Котурис, кои изразија желба да дојдат и да го усовршат своето знаење. ’Аџибадем Систина’, за разлика од многу други клиники, нуди сè, сè што е потребно за да биде успешно излечен еден пациент, но од друга страна, нуди и сè што му треба на еден доктор хирург за да биде успешно изведен еден оперативен зафат. Комплетно сè – од дијагностика, организација од страна на шефот на одделот, д-р Александар Мицковски, како и операциони сали и опрема и болничко сместување, сè е на светско ниво“ – изјави д-р Владимир Којовиќ.
Нивниот престој се состоеше од два дела. На првиот ден од нивната посета тие се запознаа со амбулантскиот дел на овој оддел и процесите што се применуваат кај уролошките пациенти. Во вториот дел им беа презентирани операционите сали, интензивната нега и интервенциите што се изведуваат.
„Првпат доаѓам во ’Аџибадем Систина’. Многу сум импресионирана, болницата е многу модерна, нуди современа опрема и ефективен тим. Сакам да го усовршам моето знаење во реконструктивната урологија, јас сум соработник на проф. д-р Којовиќ. Запознав многу добар тим тука и воопшто многу е убаво. Имам впечаток дека болницата е многу голема, многу добро организирана, стандардите се на највисоко ниво“ – изјави д-р Наталија Гарцка, специјалист по урологија од Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија.
Тимот доктори беа изненадени од целосната инвестиција, модерната технологија и условите што „Аџибадем Систина“ ги нуди за своите пациенти, која, како што изјавија, не може да се сретне и во дел од најразвиените земји.
„Сметам дека ’Аџибадем Систина’ е модерна болница, ги покрива потребите на една европска болница и топло ја препорачувам. Ја видов опремата, ја видов болницата, многу средства се инвестирани тука... Задоволство ми е да бидам дел од тимот, јас соработувам со проф. д-р Којовиќ веќе четири години. И се надевам дека ќе продолжиме и во иднина. И последен, но не помалку важен момент е соработката со д-р Мицковски, кој стои зад целокупната работа на тимот тука“ – изјави д-р Акилас Котурис, специјалист по урологија од Грција.
Посетата беше и одлична можност за размена на позитивни искуства и релации.

ОДДЕЛ ЗА УРОЛОГИЈА – СПОЈ НА НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ
Покрај стандардните процедури за дијагноза и третман, како и превентивни уролошки прегледи, уролошкиот тим од „Аџибадем Систина“ ги изведува и најсложените реконструктивни операции на урогениталниот тракт кај деца и возрасни. Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија во „Аџибадем Систина“ е лидер во земјава и регионот. Предводник на Одделот е д-р Александар Мицковски, специјалист по урологија, a тимот брои околу 10 истакнати специјалисти по урологија меѓу кои се и д-р Владимир Којовиќ, еден од најпознатите уролози, детски хирург и микрохирург, со над дваесетгодишно искуство во урологијата и во гениталната реконструктивна хирургија, како и д-р Зоран Крстаноски, кој е еден од најискусните уролози во Југоисточна Европа, пионер во воведување и стандардизирање на многу нови минимално инвазивни хируршки методи. На Oдделот за урологија во „Аџибадем Систина“, кој е составен од еминентни доктори од земјава и регионот, неодамна е набавен и најсофистициран и најсовремен ласер „Quanta Cyber No 150“.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




