ФОТО: Одгледуваат јаболка како од учебник, како им успева?
Објавено во: Агробизнис 08 Септември, 2016 12:35
Ова е школски насад на јаболка, и ако се следат упатствата ќе има квалитетен род.
Овоштарникот на семејството на Бранко Тодоровиќ во селото Симница во Србија е како од учебник. Насадот е од 2014 година и има две сорти на јаболка. Користат модерни технологии, имаат мрежа за заштита од град и совети добиваат од професор од Земјоделски факултет во Земун.
Токму поради овие причини раскажуваат дека имаат добар род.
Лани имале по 40 плодови на стебло, а оваа година по 80.
Семејството раскажува дека одгледувањето јаболка е едно од посложените гранки во овоштарството. Бара многу вложувања и не треба да има грешки.
Во одгледувањето на јаболката се вклучени повеќе членови на семејството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?







