Одговорете на овие прашања и дознајте дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 12:39
Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.
2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека.
Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.
3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години.
Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.
4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа?
Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.
5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот?
Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.
6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа?
Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.
7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот?
Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.
8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус?
Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.
9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000?
Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.
10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите?
Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




