„ОДИ КАЈ ФИЛИПЧЕ, ЌЕ ЗАВРШИТЕ КАЈ АХМЕТИ, КАЈ ПРОДАДЕНИТЕ ДУШИ“: ЗНАМ удри по Апасиев и Левица
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2025 17:08
Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари, се вели во реакцијата на партијата ЗНАМ.
„Нема простор за плачење и театар. Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда. Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО - институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам - вадам, кога сакам - трошам. Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе“, реагираат од ЗНАМ.
Од таму освен кон Левица и Апасиев, испратија обвинувања и кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од државата и мераклија за јахти по Медитеранот. Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија. И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае“, велат од ЗНАМ.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




