Одлична вест за инвеститорите на берза! Перпетуалната обврзница на УНИБанка од четвртата емисија ќе котира на Македонска берза
Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2025 09:17
Новата перпетуална обврзница издадена од УНИБанка АД Скопје со тикер UNIPO4 од 22.10.2025 и официјално ќе котира на Македонска берза АД Скопје.
Ова претставува одлична вест за сите инвеститори кои се во потрага по нови можности за оплодување на нивните средства преку инвестирање во хартии од вредност кои овозможуваат годишен приход во форма на купонска камата.
Перпетуалнатаобврзница на УНИБанка обезбедува купонска годишна камата од 6%, нема рок на достасување, акаматата се исплаќа полугодишно на секои шест месеци.Банката има опција, по сопствено видување, да ги купи обврзниците по изминати 5 години од нивното регистрирање, во кој случај обврзниците ќе бидат доспеани, а инвеститорите ќе добијат исплата на вложените средства како главница.

За перпетуалните обврзници не постојат ограничувања и со нив може да се тргува на секундарниот пазар на хартии од вредност што претставува можност за инвестирање за сите оние инвеститори кои не успеаа да запишат обврзници при самото издавање.
Станува збор за четврта емисија на хартии од вредност издадени од УНИБанка кои ќе котираат на Македонската берза. Банката, покрај обичните акции кои котираат на Македонската берза, претходно издаде три емисии на перпетуални обврзници (шифра: UNIPO, UNIPO2 и UNIPO3) , од кои првата издадена перпетуална обврзница со шифра UNIPO ја откупи од инвеститорите по првите пет години.
УНИБанка, како пионер во издавањето на хибридни инструменти, преку своите издавања на перпетуални обврзници успешно ги исполнува двете клучни цели – зајакнување на капиталната основа со вклучување на обврзниците како додатен основен капитал од ниво 1 и развој на домашниот пазар на капитал со нови можности за вложување, придржувајќи се до високи стандарди на транспарентност и корпоративно управување.
2025 е уште една успешна година во низа за УНИБанкa.Банката остварува стабилни и позитивни финансиски резултати, а нејзините акции веќе неколку години се меѓу најатрактивните на Македонската берза. Тоа е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите и инвеститорите, како и од штедачите и деловните субјекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





