19 Декември, 2025
0.0430

Одлучивте најлудата ноќ да ја поминете дома? – Еве што ќе емитуваат македонските телевизии

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 19:40

Добивај вести на Viber

Доколку останете дома за дочекот на новата 2014. година, македонските телевизии ќе понудат стандардна новогодишна програма со сериите кои ги следите секојдневно, многу музика и многу филмови, информира порталот Твпакет Македонската телевизија како и минатата година, така и овој 31. декември ќе понуди најбогата празнична програма. Во 17:45 часот започнува детското новогодишно шоу „Песна за моето срце“ со водителката Даниела Станоевска Џидрова. Во 18:50 часот следува новогодишна епизода на цртаната серија Дора, во 20:00 часот концерт на Танец и во 21:00 часот започнува новата сезона на „Танц со ѕвездите“. Новогодишното издание на Танцот ќе не запознае со новите натпреварувачи, а освен танц ќе слушнеме и многу музика. По полноќ следуваат филмовите „Казино Ројал“ и „Бришачот“. Новогодишната програма на Сител започнува во 18:00 часот со квизот „Се или нешто“, потоа следува новогодишниот Дневник со гафови од изминатата година, во 19:45 нова епизода на најгледаната програма во Македонија - „Судбината на Фатмаѓул“. 21:00 часот е време за новогодишната емисија снимена во студиото на Сител, чија водителка е Снеже Велков. По влегувањето во новата година на Сител започнуваат филмовите „60 секунди“, „Клик“ и „Дус биголо европски жиголо“. Дента за Нова година на Канал 5 ќе се емитуваат новогодишни емисии на „Билките на баба Рада“ и квизот „Среќни коцки“, а специјалната новогодишна програма започнува по редовните епизоди на турските серии „Притаени страсти“ и „Величествениот“. Програмата се вика „Сите на нозе“ и со неа гледачите ќе ја дочекаат Новата година во многу весела атмосфера заедно со Драган Вучиќ, водителите на телевизијата, како и многу естрадни ѕвезди. По полноќ ќе се емитуваат скопските концерти на Харис Џиновиќ и Северина. Програмата на Алфа со новогодишна програма започнува уште во 10:45 часот наутро со концертот на Танец. Во текот на денот, ќе уживамe и со звуците на Љубојна и Мирослав Илиќ, а Андријана Алачки и новогодишната емисија за новогодишната трпеза ќе се емитува во 20:00 часот. По неа следува новогодишно издание на српското шоу „На сите времиња“, а главната прослава е со етно звуците на „Зајди Зајди“ и Зуица Лазова. Новогодишна програма ќе емитуваат и локалните телевизии. На скопската Скај Нет ќе се емитува емисија снимена во ресторанот „Два Елена“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии