17 Јануари, 2025
0.0278

ОДЛУЧУВАЧКА НЕДЕЛА: Датумот за избори виси на стаклени нозе

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Неделава која е на самиот старт ќе биде клучна за најавените предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември.

Неизвесно е распуштањето на Собранието а моменталната состојба укажува дека најверојатно пратениците нема да се распуштат на 12 октомври имајќи предвид дека Собранието и официјално закажа пленарна седница за четврток 13 октомври.

Најголема кочница сепак за распуштањето на Законодавниот дом е буџетот за 2017 година, кој сам по себе носи многу контроверзии и побуди низа препукувања меѓу власта и опозицијата.

Собраниската расправа за буџетот за 2017 година сè уште не е завршена. Документот сè уште се разгледува на собраниските комисии, а потоа треба уште еднаш да оди на седница на влада, па да се стави на дневен ред на пленарна седница, на која ќе треба да се разгледува најмалку пет дена, а време за тоа нема.

Распуштањето ќе го чека и еврокомесарот Јоханес Хан

Во петок на 14 октомври во Скопје треба да пристигне еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој би требало да го разјасни политичкиот процес а се најавени средби со потписниците на договорот.

Хан доаѓа по одлуката на владејачкото мнозинство во парламентот да не ги поддржи барањата на специјалната јавна обвинителка за измени на Законот за СЈО, односно продолжување на рокот за истраги, како и за измена на Законот за заштита на сведоци а овие отфрлања на барањата се дополнителен тест кој изборите ќе става да висат на конец.

Опозицијата за неизгласаните барања на СЈО вели дека владеачката гарнитура го минира датумот за избори додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се тие кои бегаат од избори.

Како и да е, колку и да се препукуваат партиите едни со други, де факто неделава ќе биде решавачка за предвремените парламентарни избори.


Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете