Одлуката за грчката криза повторно се одложува, овој пат за во недела
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 11:28
Одлуката за грчката криза повторно се одложува - овој пат за недела.
Тогаш Европската комисија свикува нова вонредна седница на врвот, но веќе во Брисел ќе заседаваат лидерите на 28-те земји-членки на Европската унија.
Петок наутро е крајниот рок во кој Грција треба да претстави целосна прогрма за реформи. Тоа го одлучија по 10-часовна седница лидерите на земјите од еврозоната во Брисел.
Европската комисија има сценарио за евентуално излегување на Грција од еврозоната, објави по него претседателот на комисијата, Жан-Клод Јункер.
"Комисијата се подготвува за сите сценарија. Ако до недела нема договор може да се стигне и до грекзит. Јас сум против тоа, но не можеме да го спречиме, ако грчката влада не го направи потребното", објави Јункер. Тој најави дека не е праведно земји како Бугарија и Романија да бидат изолирани од одлуката за грчката криза.
Германскиот канцелар Ангела Меркел ја исклучи можноста за ревидирање на износот на долговите на Грција. Таа појасни дека тоа ќе противречи на законите на ЕУ.
Утрово претстои грчкиот премиер Алексис Ципрас да се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, со што ќе ги запознае европратениците со економската ситуација во Грција.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека Атина се стреми кон конечен излез од кризата со предлог за реформи во замена за помош, кој според него ќе биде поднесен до крајот на неделава, јави Ројтерс. "Разговорите поминаа во позитивна атмосфера. Процесот ќе биде брз, тој започнува во наредните часови со цел да заврши најдоцна до крајот на неделата", рече Ципрас.
Еврозоната пројави политичка волја да и даде уште една шанса на Грција, изјави синоќа новиот грчки министер за финансии Евклидис Цакалотос, цитиран од Франс прес. Цакалотос пред новинарите, исто така, рече дека е постигнат напредок на седницата на Еврогрупата, во која тој учествува.
Во наредните два дена грчките банки може да почнат да имаат недостиг од пари во акции, ако владата не склучи итно договор за продолжување на финансиската помош со меѓународните кредитори, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со грчкиот финансиски систем.
Грчките банки се затворени од минатата недела, а Грците можат да повлечат од банкоматите не повеќе од 60 евра на ден, но и покрај ограничувањето резервите на банкноти брзо се намалуваат.
Грчките банки кои се затворени осум дена, за да се задржи банкарскиот систем, треба да отворат постепено - до крајот на неделава, како што ги прошируваат понудените услуги, изјави вчера заменик. -министерот за финансии Димитрис Мардас, цитиран од Франс прес.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




