18 Декември, 2025
0.0599

ОДЛУКАТА ЗА ИЗБОР НА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ПО ИЗБОРИТЕ - заврши постапката по јавниот тендер

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2025 12:35

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори  закажани за 19. следниот месец,  треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач.   

- По јавното отворање на понуди на 22 август, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање изготви извештај со соодветен предлог со директорот на АЕК. Согласно Законот за електронски комуникации во рок од три дена од приемот на извештајот директорот носи одлука за завршување на постапката по јавен тендер со јавно нададвање. Следен чекор е по завршување на изборниот процес директорот да донесе одлука за избор на најповолен понудувач, информиаа за МИА од АЕК. 

Во Одлуката што ја објави АЕК на својата веб страница се наведува дека согласно член 138 став 2 од Законот за електронските комуникации, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz состави Записник за постапката на отварање на понуди по Јавен тендер со јавно наддавање со архивски број 0201-1103/24 од 22.08.2025 година и врз основа на член 139 став 3 од Законот за електронските комуникации, достави Извештај од извршено разгледување на понуди со архивски број 0201-1103/26 од 27.8.2025 до директорот.

- Имајќи предвид дека со Извештајот од извршено разгледување на понуди од Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz број 0201-1103/26 од 27.08.2025 година е утврдено дека се јави само еден понудувач, согласно член 140 став 4 од Законот за електронските комуникации, директорот донесе Одлука дека постапката по Јавниот тендер со јавно наддавање е завршена, се вели во Одлуката. 


Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска