ОДМОРИ: Koго се ќе тестираат Грците?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 09 Јуни, 2020
Грчките власти деновиве ќе соопштат кои туристи ќе се тестираат.
Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се прават тестови по случаен избор.
Велат дека планот на Владата за туризмот не се менува.
„Веројатно во четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе излезат со соопштенија за тестовите – колку, кога, каде, како ќе се прават, како и за зајакнување на здравствените структури во земјата, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека станува збор за комплетен план за заштита на туризмот од веројатни „увезени случаи”, јави дописничката на МИА од Атина.
За четири дена беа регистрирани 97 нови случаи на коронавирус. За подготовката и организирањето во пресрет на летото, станало збор на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежите министри и претставници на здравствените организации, јави дописничката на МИА од Атина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.