Однесувајте се пристојно – пцовки на работа не се дозволени!
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 11:00
Пцуење од време на време
Проблеми со компјутерот, поголеми или мали незгоди на работното место можат да бидат причина за непристојни зборови, посебно кога сте во круг на колегите или пријателите. Освен тоа некоја валкана шега со текот на утринското кафе или пауза на некого можат да му го развеселат денот. Во тој поглед тоа се испади и можат да се прифатат.
Исто така во некои ситуации кога пцуењето е наменето, може да има позитивна реакција , бидејки со него можете да ја нагласите важноста за некоја работа. Но честото пцуење можат да создадат негативен имиџ кај лицето и да го нарушат кредибилитетот на долгорочен план.
Агресивно пцуење
Изговарањето на пцовки само некој да се навреди или повреди, дефинитивно е нешто од што ,секој на работа треба да се воздржи. Ако нешто помислите за некоја личност , тоа не треба да го кажете на глас. Освен тоа ,навредувањето на таков начин е контрапродуктивно и понижувачки.
Како што нагласивме, пцуењето може да остави впечаток на губење на контрола врз ситуацијата како и на личноста над самата себе, посебно кога се користи во некои напнати ситуации ,расправи и караници .
Самоцензура
Ако имате навика често да пцуете, морате во себе да најдете сила и волја да престанете или барем да го смените вокабуларот. Треба да станете свесни за она што го зборувате и да сватите каков проблем имате.
Честото пцуење може да биде знак на мала самодоверба или просто кажано , тоа ви станала навика од која што не можете да се откажете.
Кога саката да изговотите некој вулгарен збор , длабоко вдишете и изговорете ја реченицата на брзина , без да ги вметнувата вулгарностите во неа. Контролирајте се и денот поминете го без ниедна пцовка.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




