06 Октомври, 2024
0.0286

Однесувањето на анти-корупционерите, константа на безидејноста!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

За два и пол месеци откако Горан Миленковски седна на претседателската фотеља во Државната комисија за спречување на корупцијата,  два пати одбива да одовара на новинарски прашања на прес конференциите што се закажуваат во овааа институција. Првото одбегнување на „неподобрните“ прашањата поставени на новинарите се случи веднаш по назначувањето на Миленковски за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, со образложение дека поставените прашање не биле тема на дневен ред. А, последното уште поскандалозно бегање од новинарските прашања се случи пред само неколку дена,  каде на прес конференцијата цели педесет минути  Миленковски ги елабораше успесите, но буквално избега од новинарите и камерите откако доби прашања поврзано со „бомбите“ на опозцијата. Ваквото однесување на актуелните членови на антикорупциската комисија на чело со Миленковски, предизвика бурни реакции во јавноста, кои одат во насока дека наместо транспарентност и отчетност, антикорупционерите покажуваат дека не може да избегаат од канџите на политиката. Аналитичарите коментираат дека наместо како што најавуваа членовитѕе на антикорупциската комисија дека професионално и стручно ќе си ја вршат работата, тие сега бегаат пред секое прашање на новинарите со кое се бараат одговори за вмешаност во корупциски скандали на владини функционери, и при тоа со своето однесување упатуваат дека тие се само продолжена рака на владата, а не независна институција која би се борела за интересите на граѓаните и државата. Неприфатливо и крајно непримерно е да се закаже прес конференција, на која новинарите нема да бидат удостоени со одговори за тоа кој е ставот на антикорупциската комисија кон коруптивните случаи поврзани со власта, коментира за Фактор, поранешниот антикорупционер Драган Малиновски. Значи, станува збор за случаи со силни индиции за злоупотреби и корупција од огромни размери, со вмешаност на највисокоте носители на власта, правосудството, медиумите,итн.  Имајќи ја предвид инволвираноста на сите овие чинители, апсурдно звучи ставот на претседателот на ДКСК дека овие случаи нема да ги коментира, бидејќи очекува со нив да се справат правосудните органи. Кажано поинаку, ДКСК очекува сторителите на објавените злоупотреби самите да се санкционираат!? За мене ваквото однесување на ДКСК не е никакво изненадување и тоа го прифаќам како констатна, односно континуитет на  безидејноста на ова тело, кое, со својата сервилност кон власта упорно работи на своето разобличување. Денес, кога во Република Македонија се гази владеењето на правото, кога институциите на власта се дисфункционални, кога правосудството е дезориентирано, ДКСК вели дека причините за сето тоа не треба да се коментираат. Сепак, сметам дека во таквиот став е содржан и вистинскиот коментирам, вели за Фактор Драган Малиновски. Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата избран во средината на април годинава членуваат Горан Миленков, Игор Тантуровски, Најдо Спасевски, Сузана Таскова-Аџикотарева, Жаклина Дамческа, Сејди Халили и Фарије Алиу. Но, по само неколку месеци се стекнаа со серија критики за нивната работа. Работата на антикорупциската комисија изминатите години е под постојани критики на јавноста и експертите, со став дека тие не постапуваат во случаите поврзано со владини функционери. Слични критики како актуелниот состав имаше и за ппретходниот состав на оваа институција која не постапи по бројните афери за вмешаност на владини функционери во коруптивни скандали кои беа облоденети во тој период. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта