Односот на шалтерите – главна замерка за осигурениците на ФЗОМ
Објавено во: Мои пари 01 Мај, 2013
Фондот за здравствено осигурување на Македонија го подобрил работењето од претходниот период , покажа анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања - Скопје, а нарачана од Фондот за здравствено осигурување.
Според анкетата, испитаниците дека се задоволни од брзината на добивањето на услугата, времето на чекање, работното време. Забелешки имаат на односот на шалтерските работници и истакнатоста на информациите.62,6 проценти се изјасниле како задоволни од работењето на подрачните служби, додека 37,4 како незадоволни. Од брзината на добивање на услугата задоволни биле 56,4 проценти, а 43,6 се незадоволни. Од времето на чекање на шалтерите 52,1 отсто се изјасниле дека тоа е кратко и соодветно, за 31,4 долго.
Од односот на шалтерските работници „целосно“ задоволни биле 26,8 проценти, додека 47,5 проценти „прилично“ задоволни. 60,1 процент од изпитаниците сметаат дека е подобро правото да се оствари преку интернет отколку со доаѓање шалтер.Анкетата според нарачателот била спроведена на репрезентативен број осигуреници во сите 30 градови каде ФЗОМ има подрачни служби.