Одржан протест против изградбата на Луково поле и Бошков мост
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2014 18:00
Денеска во Скопје жители од дебарско-реканскиот крај и претставници на невладини организации протестираа против изградбата на енергетските проекти „Луково поле“ и „Бошков мост“.
За нив е неприфатлива изградбата на двата објекта затоа што сметаат дека штетата ќе биде голема и ќе влијае врз животната средина и националниот парк Маврово.
Според нив, со ваквите проекти се негира идејата за национален парк и неприфатлива е изградба на нови објекти во Категорија два заштитени подрачја.
Владата неодамна соошти дека двата енергетски проекта се од суштинско значење за државата и оти при нивната реализација нема да биде загрозена животната средина во Националниот парк „Маврово“. Ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





