20 Декември, 2025
0.1406

Одржана работилница „FutureComNet“ по повод Светскиот ден на телекомуникациите

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2015 14:21

Добивај вести на Viber

На денешната работилница „FutureComNet 2015 година: традиција во следење на иновативните решенија и стратешки определби во телекомуникациите“, светски познатиот професор Јан Акилдиз од Универзитетот ЏорџиаТек, САД ги повика младите генерации во Македонија да се занимаваат со истражувања поврзани со 5G технологијата. Тој одржа предавање пред многубројна публика за развојот на мрежните архитектури кај секојдневните целуларни безжични мрежи (GSM, 3G, 4G) и даде насоки за нивниот можен иден развој.

feid

„Денес говорам за 5G технологијата, најновата генерација мобилни целуларни системи. Се надевам тоа ќе побуди сериозен интерес кај младите да се занимаваат со истражувања во оваа област, која се уште е во фаза на истражување и ќе биде актуелна по 2020 година“, рече професор Акилдиз пред да го одржи своето предавање по повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество (17 мај).

На работилницата, која се одржа на Факултетот за електротехника и информатички технологии, говореше и м-р Даниел Денковски, најдобар млад научник за 2014 година избран од претседателот на Република Македонија. Според него, дигитализацијата овозможила нови парадигми во светот на телекомуникациите, од нови мрежни решенија до најнови сервиси и апликации за крајните корисници.

„Дигиталните телекомуникации се главен двигател на модерното информациско општество во кое основа за секојдневно функционирање на професионален, но и на приватен план, станува потребата за добивање, споделување и искористување на информациите. Безжичните мрежи, како интегрален дел од телекомуникациите и пристапна точка спрема глобалната Интернет мрежа, овозможуваат безжична поврзаност насекаде и во секое време. Локализацијата на корисниците нуди можности за реализација на идни и напредни кориснички–ориентирани и локализациски сервиси и апликации“, рече Денковски на своето предавање за теоретските аспекти на проблемот на локализација на безжични примопредаватели со користење на мерни сензори чии локации имаат одредена мерна несигурност.

Оваа, втора по ред, работилница се организира на Иницијатива на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ за да се одбележи Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество.

„Институтот за телекомуникации е врвна и единствена академска институција во земјата која што ја негува областа на телекомуникациите и оваа работилница ги обедини сите фактори во оваа област и ќе создаде регионална платформа за заеднички дијалог. Минатогодишната работилница побуди голем интерес кај компаниите во земјата и кај академските институции од соседните земји. Тоа не охрабри да продолжиме со организирање на FutureComNet , со надеж дека ќе прерасне во традиција во која што активно ќе учествуваат сите заинтересирани во областа на телекомуникациите, заеднички следејќи ги стратешките иницијативи и актуелни случувања во реализираните телекомуникациски системи и регулативи“, објасни професор др. Лилјана Гавриловска, раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии