06 Декември, 2025
0.4093

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

Одржливо работење, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 16:07

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година.Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од2.505.628 илјади МКДи забележа значителен раст на кредитното портфолио и раст на вкупните депозити. Овие позитивни финансиски индикатори се резултат назасилената деловна активност и позицијата на НЛБ Банкакако доверлив партнер за клиентите.

Кредитите кај небанкарскиот сектор, на годишно ниво, пораснаа за 21,2%, пришто растот на кредитите пласирани кај нефинансиските друштва изнесува 32,2 %, додека растот на кредитите пласирани кај домаќинствата изнесува 14,5 %. На годишно ниво, вкупните депозити на Банката бележат зголемување за 15,8 %.

Позитивните деловни перформанси на НЛБ Банка се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на внимателното управување со ризиците, оперативната ефикасност и континуираната посветеност кон унапредување на клиентското искуство.

Во текот на првите девет месеци од годината, потврдувајќи ја својата улога на одговорен корпоративен граѓанин, НЛБ Банка остана доследна на својата заложба за вложување во заедницата, инвестирајќи во бројни општествено одговорни проектинасочени кон спортот, културатаи традицијата, образованието и помош за ранливите категории на граѓани.

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството и севкупниот развој на економијата во земјата.Во фокусот на работењето на Банката остануваатдигитализацијата и унапредувањето на дигиталните канали, подобрување на искуството на клиентите и проширување на портфолиото на банкарски и небанкарски продукти.

Истовремено, препознавајќи ги ризиците од климатските промени, НЛБ Банка ќе продолжи да ги развива „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, акцентирајќи ја важноста од одржливо финансирање, одржливо работењеи взаемен придонес кон унапредување на квалитетот на животот во заедницата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј