29 Септември, 2024
0.0325

ОДРЖУВАЊЕ ПАТИШТА: Ронки за инфраструктурата!

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

За одржување на патиштата што се во надлежност на ЈП Македонија пат, минатата година била предвидена сума од 21,9 милиони евра, а до средината на октомври за оваа намена биле искористени 13,5 милиони евра. Ако се има во предвид темпото со кое месечно во просек за одржување на патиштата се користеле по 1,8 милиони евра, тогаш голема е веројатноста дека на крајот на минатата година не е искористена целата сума која била предидена за оваа намена.  

Според податоците на Фактор, добиени од Јавното претпријатие за државнии патишта, најмногу пари заа одржување на патиштата се одвојувале во периодот од 2003 година па се до 2007 година, оттогаш наваму сумата е намалена се до минатата година, кога е предвиден најголем износ, но не е искористена во целост.

Еве како низ годините се одвојувале пари за одржување на патиштата

Светска банка – алармираше дека се потребни повеќе пари за одржување на патиштата

Светска банка веќе и забележа на Македонија дека одвојува малку пари  за одржување на патиштата. Според податоците од оваа меѓународна институција за одржување на патиштата Албанија одвојува 2,914 евра по километар, Македонија 3.305 евра, Косово 3.742 евра, БиХ 7.797 евра, Србија 9.039 евра , а Романија 9.303 евра по километар.

При тоа се забележува дека има драстично намалување на намалување на буџетот за одржување на мостови кој е поставен на минимум годишен износ од 16.000 евра.

„Едно разумно ниво на одржување на мостови се става под знак прашање со вакви ограничени финансиски средства, пишува во извештајот на Светсска банка.

Поради нередовното одржување на патиштата – штета трпат оние кои ги коирстат

Кога еден пат ќе се дозволи да се влоши од добра во лоша состојба, секој долар зачуван на одржување на патиштата ги зголемува трошоците за возилото за 2 до 3 долари. Тоа ја зголемува цената на патниот сообраќај и ги зголемува трошоците за вкупната економијата. Но, истот така се додава и дека ако еден пат не се одржува редовно, потоа неговата рехабилитација ќе чини три пати поскапо.

„Ако еден асфалтен 15 години редовно се оджува тоа ќе чини 60.000 долари по километар. Но, ако се дозволи патот да се влоши во текот на периодот од 15 години, ќе чини околу 200.000 долари по километар за рехабилитација, посочува Светска банка.

Квалитетот на одржување од Македонија Пат не е на задоволително ниво

Сегашното ниво на трошоците за одржување е под потребниот износ за да се обезбеди доволна добра состојба на мрежата, предупредија од Светска банка, додавајќи дека значителни финансиски средства сега се трошат за надградба и проширување на патната инфраструктура, идното финансирање на одржувањето ќе се зголеми уште повеќе за да ја опфати проширената мрежа.

„Во обид да се обезбедат доволно средства за надградба на мрежата, понатамошното намалување на буџетите за одржување, всушност, ќе го зголеми долгорочниот трошок за одржување на патната инфраструктура,“се вели во извештајот.

Но, Светска банка предлага дека е потребна приватизацијата на одржувањето на патиштата, со што ќе се подобри ефикасноста и квалитетот на трошоците за одржување.

ВМРО-ДПМНЕ најави изградба на рекорден број патишта годинава, СДСМ возврати дека времето на провизии заврши, патиштата ќе ги гради новата влада

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, најави дека годинава ќе се изградат и реконструираат  рекорден број на патишта, на што од СДСМ возвратија дека инфраструктурата во земјава ќе ја гради идната влада предводена од Социјалдемократите.  

Мисајловски посочи дека ќе продолжи изградбата и реконструкција на преку 200 километри автопатска мрежа Македонија.

„Ќе отпочнеме со реконструкција на две нови автопатски делници. И ќе започнеме со изградба на 3 нови експресни патишта во должина од над 100 километри и инвестиција од околу 250 милиони евра.Во делот на регионалната мрежа, во моментов се работи на 4 регионални патишта а ќе започнеме со изградба и реконструкција на 37 регионални патишта, инвестиција од преку 55 милиони евра изјави министерот Мисајловски.

На ова реагираа од СДСМ, со став дека новите патишта ќе ги гради идната влада, за што уште во првите две години ќе инвестира 600 милиони евра.  

„Владо Мисајловски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека лажните вести одамна не им минуваат. Доколку навистина се грижеа за граѓаните тие имаат десет години на располагање за да изградат модерни автопатишта. Но наместо со реални инвестиции, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се занимаваа единствено со провизии и профитабилни тендери. Граѓаните десет години сведочеа на коруптивно и криминално владеење од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и решија да не бидат заложници на криминални влади и тендер интереси“, возвратија од СДСМ.

Но, за најавените инвестиции од Светска банка заклучуваат дека, успехот ќе зависи одквалитетот на планирањето на инвестициите и одржувањето.

„Подобреното планирање ќе им овозможи на властите да направат информиран избор помеѓу капиталните инвестиции наспроти трошоците за одржување, географските области, и сиромаштијата и економските влијанија и зголемувањето на ефикасноста на јавната потрошувачка., посочија од Светскабанка. И на крај се препорачува  дека треба да се обезбеди доволно финансирање за одржување, да се реши прашањето на заостанато одржување и да сеподобри ефикасноста на трошоците за одржување.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија