26 Мај, 2024
0.0370

„ОДВ ЕЛЕКТРИК“ ДОБИ 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА, А „МАГНА МИРОРС“ 682 ИЛЈАДИ - државата ги исплаќа своите обврски од договорите со странските инвеститори

Објавено во: Економија 04 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Странската компанија ОДВ Електрик која е лоцирана во селото Мислешево во близина на Струга, добила во текот на јули еден милион евра средства од државата.

Овој  податок може да се види од порталот Отворени финансии, кој говори дека во текот на минатиот месец Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Скопје во два наврати и и платила вкупна сума од над еден милиони евра на компанијата ОДВ Електрик.

Покрај ОДВ Електрик, средства од Дирекцијата за ТИРЗ добиле и компаниите Магна Мирорс Саут, Пурпласт и Адиент Аутомотиве.

Како што се гледа од сајтот Отворени финансии, кон ОДВ Електрик од страна на ТИРЗ биле направени две исплати во минатиот месец, и тоа двете на 28 јули. Првата исплата била на сума од 36,2 милиони денари односно 589 илјади евра, додека втората исплата направена на истиот датум изнесувала 525 илјади евра. Или, во јули ОДВ Електрик добила вкупно средства од ТИРЗ на износ од 1,11 милиони евра.

Компанијата Магна Мирорс пак, исто така имала две исплати од Дирекцијата, кои исто така се случиле на 28 јули, а и двете биле на исти износ, од по 21 милиони денари, или оваа компанија вкупно добила исплати од 682 илјади евра.

На истиот датум една исплата од ТИРЗ имало и кон Пурпласт, на сума од 249 илјади евра, како и една исплата кон компанијата Адиент Аутомотиве, од 241 илјади евра. 

Фактор праша во Дирекцијата за ТИРЗ по која основа се направени исплатите. Објаснувањето е дека станува збор за исплати по различни основи од договорите за државна помош кои се склучени со пооделните компании, откако претходно е направена проверка од странска независна ревизорска куќа за тоа колку тие го реализирале нивниот дел од обврските од договорите, и тоа за инвестиции, развој, извоз, вработувања и слично.

Инаку, како што стои и на нивната фејсбук страница, ОДВ Електрик е глобален производител на кабли за автомобилската индустрија, основан во Штајнау,Германија. Во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има околу 3.000 вработени. Фирмата е во семејна сопственост на трите оснoвачки семејства.

Нејзината фирма ќерка ОДВ Електрик Македонија е основана во Охрид во 2014 година. Во моментов располага со 9.000 метри квадратни производна површина и околу 750 вработени.

Неодамна во посета на компанијата ОДВ Електрик во селото Мислешево беше охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој се сретна со генералниот менаџер, Огнен Цубалевски, кој го запознал со процесот на производство на фабриката и со идните планови за развој на компанијата во Охрид.

Како што објави тогаш општина Охрид, бројот на вработени во моментов  во ОДВ Електрик е околу 800 луѓе,  што ја прави еден од најголемите работодавци во регионот. Пецаков ја изрази благодарноста што компанијата го одбрала токму ова место за инвестирање, особено тоа што компанијата, дел од својот производствен капацитет кој се наоѓа во Украина, го има префрлено во Охрид и со тоа бројот на вработени во изминатиот период е пораснат за неколку стотини.

Магна Мирорс пак е производител на ретровизори. На нивната интернет страница стои дека нивната фирма мајка, Магна Интернешенел е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија.

„Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот, а глобалната мрежа на Магна се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158.000 веаботени“, велат од компанијата.

Во февруари лани пак, Дирекцијата го потпиша договорот за државна помош со турската компанија Пурпласт за првата фаза од инвестицијата вредна 5,1 милиони евра. Тогаш беше најавено дека Пурпласт, во фабриката во зоната ТИРЗ Скопје 2 ќе произведува делови за автомобилска индустрија, како и производство и монтажа на делови за автобусите кои белгиската Ван Хол ги произведува во зоната ТИРЗ Скопје

Второ отворената фабрика на Адиент во Македонија, пак, е сместена во технолошко – индустриската развојна зона во Струмица, со површина од 12.500 метри квадратни и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе