Одземена дозволата за работа на 1ТВ на Боки 13
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2019 18:16
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и ја одзеде дозволата за работа на 1ТВ.
Советот на АВМУ на седница одржана доцна попладнево ја затвори постапката против оваа телевизија, откако претходно не се појави нејзин претставник.
Основ за одземање на дозволата е неисполнувањето на минималните кадровски услови што се пропишани, дознава Фактор. Поточно, 1ТВ, според дозволата што ја поседуваше, имаше обврска постојано да има 30 вработени, од кои 10 новинари.
По апсењето на Бојан Јовановски, Боки 13, кој се претставуваше како сопственик на телевизијата, најголемиот дел од новинарските имиња си заминаа од 1ТВ.
Во последните два месеци, со мали прекини, телевизијата воопшто не емитуваше програма.
Според инфрмациите, за телевизијата се очекува да се отвори стечајна постапка до крајот на овој месец.
Пред околу три недели извесен Богдан Дамјановски се легитимираше дека сака да стане нов сопственик на телевизијата, но потоа се повлече од намерите.
Инаку, Боки 13 е првоосомничен за случајот Рекет, и е во притвор во истражниот затвор Шуто Оризари.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




