30 Септември, 2024
0.0329

Одземена лиценцата и на „Беса Транс“

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber



По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе Решение за одземање на лиценцата за работа на  превозникот „Бога Транс“. Возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај, односно фирмата немала ниту еден возач во редовен работен однос.

Вчера Министерството за економија на барање на Државниот пазарен инспекторат му ја одзеде лиценцата за работа и на подружницата - туристичката агенција „Беса Травел“. 

45 патници на превизниго починаа откако автобусот цлеосно изгоре за кратко време на патот Струма во Бугарија на враќање од Истанбул

„Министерството за транспорт и врски донесе Решение со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци. Истиот е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски.

Имено, превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Исто така превозникот поседувал и важечки изводи од лиценци за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и изводи од лиценци за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е извршен вонреден инспекциски надзор на 21.12.2021 година, за што надлежниот инспектор констатирал дека и покрај тоа што превозникот поседувал важечки лиценци, возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај. Со тоа, утврдени се неправилности во работењето на правниот субјект, односно работел спротивно на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Имено, согласно член 8 став 1 точка 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, домашно правно или физичко лице може да добие лиценца ако исполнува одредени критериуми, меѓу кои да има вработено во работен однос минимум еден возач по моторно возило.

Бидејќи превозникот „Бога Транс“ во моментот на инспекцискиот надзор не ја запазил оваа одредба од Законот, Министерството за транспорт и врски по барање на Државниот инспекторат за транспорт, донесе Решение за привремено запирање на вршење на дејност.

Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности ќе продолжи да постапува согласно законските прописи за сите физички и правни лица кои работат спротивно на законот.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО