Одземени 87 тони вештачко ѓубриво со лош квалитет
Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2013 15:55
Државниот земјоделски инспекторат одзеде 87 тони увезено вештачко ѓубриво со лош квалитет кое не одговара на декларацијата.
Ѓубривото потекнува од Србија, а увозник е фирма од Велес, информира денеска директорот на Инспекторатот Румен Стаменов. Тој на средба со новинарите предочи дека доколку вештачкото ѓубриво завршеше кај земјоделците, ќе предизвикаше голема економска штета.
- Квалитетот на вештачкото ѓубриво отстапува за 75 отсто. Тоа нема да се уништи, ќе биде употребено во битолската затворска економија. Не е штетно, но поради лошиот квалитет, наместо една, корисникот ќе треба да употребува по три вреќи, рече Стаменов.
Против увозникот ќе биде поднесена пријава до судските органи кои ќе одлучат дали ќе му биде изречена мерка забрана на дејност.
како што информира директорот, Инспекторатот во последните 5-6 месеци ги засили контролите. Освен вештачко ѓубриво, запленети се и средства за заштита, 6.500 литри течност и 2.030 килограми прашкаста материја со сомнителен квалитет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





