05 Декември, 2025
0.0973

Чекови вредни 100 илјади евра одземени на преминот Богородица

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2013 18:42

Добивај вести на Viber

33 чекови во вкупна вредност од 99.099 евра вчера беа задржани од страна на царинските службеници на Царинска испостава Богородица, информираат од Царинската Управа на Македонија.

Оттаму посочуваат дека откако за влез во Македонија се пријавило лице со грчко државјанство, на прашање на царинскиот работник дали има нешто за пријавување , лицето пријавило само 3.000 евра. По извршен претрес, во личната торби на патникот се пронајдени пари во вредност од 4.000 евра и уште 2.000 евра во џебовите, како и 33 чекови со вкупна вредност од 99.099 евра.

Чековите се привремено задржани, а против лицето е започната прекршочна постапка, сооптија од Управата од каде додаваат дека согласно член 15 од Законот за девизно работење, обврска на секој кој влегува во земјава да пријави внесување на странски хартии од вредност (чекови)  и потребно е одобрение од Комисијата за хартии од вредност, која ги определува условите и начинот под кои може да се добие одобрение за реализација на трансакциите.

Согласно Законот за девизно работење, нерезидентите при внесување на ефективни странски пари во Република Македонија, немаат обврска да пријават девизи до износ од 10.000 евра, поради што на лицето пронајдените 6.000 евра му се ослободени и вратени, поспчуваат од Царинската Управа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј