05 Декември, 2025
0.3072

ОФИЦИЈАЛНО: Заради птичји грип, стопиран увозот на пилешко месо од Холандија, Германија и Британија!

Објавено во: Агробизнис 17 Ноември, 2014 17:25

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство привремено стави забрана на увозот на живина, живинско месо и јајца од Холандија, Германија и Велика Британија во обид да го спречи ширењето на вирусот на птичји грип во земјава. „Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста птичји грип во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо (вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца (Службен весник на РМ бр. 82/2007). Станува збор за Програма која е транспонирана од Директива на Советот 2005/94 и Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Во рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот“, стои во соопштението од Агенцијата. Ваква мерка, првенствено кон увозот од Холандија, веќе најави директорот на Агенцијата Зоран Поповски. Вчера холандските власти соопштија дека на една фарма во централниот дел на земјата откриле „високо патоген“вид на птичиј грип и вовеле привремена забрана за транспорт на преработка во радиус од еден километар околу сите фарми за преработка во Холандија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?