17 Мај, 2024
0.0274

Официјализирана нова инвестиција: Белгиска компанија-нов инвеститор во Македонија

Објавено во: Економија 05 Март, 2015

Добивај вести на Viber

„SLABINCK NV“ е белгиска компанија со која што денеска на средбата  во Скопје помеѓу  косопственикот и главен извршен директор на компанијата г-динот Лук Слабинк и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции г-динот Климент Шекеровски беше официјализирана новата инвестиција на оваа компанија во нашата земја.

Оваа компанија ќе инвестира во општина Гази Баба каде што за почеток веќе е обезбедена хала и работен простор во површина од околу 900 м2 кој наскоро се планира и да се прошири

Компанијата, која има свое седиште во градот Бриж, во провинцијата Западна Фландрија, се занимава со ласерско сечење и обработка на метали, а воедно е и еден од најголемите клиенти на веќе присутен инвеститор во една од технолошко индустриски развојни зони.

„Задоволство ми е што имам можност, заедно со г-динот Слабинк, да ја информираме македонската јавност за влезот на уште една реномирана компанија која станува интегрален дел од домашната економија. Со влезот на белгиски Slabinck NV, што за нас како владин тим претставува валоризација на сиот досегашен ангажман и напори за нивно убедување да дојдат во Република Македонија, ќе се отворат нови можности за вработување на нашите граѓани, но и можност за деловна соработка со голем број локални коминтенти, истакна Климент Шекеровски.

-Би сакал да упатам благодарност до г-динот Шекеровски и неговиот тим за овозможената поддршка и сигурен сум дека ова ќе биде добра препорака и за моите деловни партнери од Белгија и пошироко за инвестирање во Македонија каде што наидовме на одличен прием, изјавил  Лук Слабинк по официјализирањето на инвестицијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци