18 Мај, 2024
0.0301

Огромен бројот на деца што чекаат упис во градинка во Македонија

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Околу 8.000 деца во Македонија се на листа на чекање за упис во градинка, покажуваат податоците со кои располага Министерството за труд и социјална политика. Младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година.

На крајот на април годинава во 66 државни детски градинки во 55 општини биле згрижени околу 36 илјади деца.

Интенција на државата е да се зголемува опфатот на деца згрижени во детските градинки, особено една година пред да појдат во училиште. За тоа да се реализира, потребно е да се изградат нови, да се прошируваат постојните капацитети, како и да се вработат нови дополнителни негувателки и воспитувачки, нешто што го најавија и од Министерството за труд и социјална политика.

– Со Светска банка, како што неодамна изјави министерот за финансии Драган Тевдовски, се разгледува можноста за идна соработка. Еден од поважните проекти за кои е разговарано е помошта во социјалната сфера во висина од 35 милиони долари за отворање нови градинки и реновирање на постојните - велат од МТСП.

Планирано е отворање детски градинки во Конче, Пласница, Градско, Кривогаштани, Чешиново – Обелешево, Валандово, Свети Николе во с.Горобинци, Пробиштип, во село Кравари, битолско, во село Марена, кавадаречко, како и во Чучер Сандево.

Исто така, во завршна фаза се и објектите наменети за градинки во  Зрновци, Прилеп, Чашка, Куманово, Велес во село Караслари, Јегуновце во село Прељубиште и Маврово – Ростуше во село Скудриње.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?