22 Јуни, 2025
0.0279

Огромен пораст на дневната цена на струја за македонскиот бизнис

Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 14:16

Добивај вести на Viber

И претседателот на регулаторната комсиија, Марко Бислимовски, денес призна дека македонскиот бизнис овие денови плаќа енормно скапа струја на слободниот пазар. Претходно на ова предупреди и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Според Бислимовски, тоа се должи на проблемите со задушувањата во преносните капацитети и локалните берзи во регионот.

Изминатите денови на регионалната унгарска HUPX берза цените се зголемија за околу 150 отсто, односно дојдоа до ниво од преку 200 евра за мегаватчас.

„Она што загрижува во изминатиот период, некаде почнувајќи од јуни, е што во нашиот регион, од Унгарија надолу, односно Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија… секаде каде што има берзи, цената на електричната енергија е далеку повисока отколку цените на електрична енергија во останатиот дел на Европа, односно во Западна Европа и во Скандинавија.

Една работа која што сигурно има влијание се проблемите со задушување на прекуграничните преносни капацитети, што влијае нереално да се зголемува цената на електричната енергија. Односно, настануваат задушувања, а кога има задушувања се прават аукции и цените на тие аукции се невообичаено високи, што понатаму прави притисок на крајната цена.
На пример ако се спореди цената на електричната енергија во Франција, во Германија и во Скандинавија, имало денови цената таму да е педесетина евра за мегават час, а истовремено кај нас на берзите да достигнува и до 180-200 евра. Значи, јас не зборувам за некои мали разлики, туку за повеќе од два пати различни цени.

Да, се однесува и на Македонија. Влијанието на Хупекс берзата како најголема берза на берзите во регионот, како хрватската, српската, црногорската кои се уште се поврзани со таа берза е големо, бидејќи големите трговци од регионот најголемите тргувања ги прават на берзата во Унгарија, а понатаму и на останатите берзи. Но таа цена очигледно дека се уште е како еден вид репер во целиот регион“, беа дел од одговорите што ги даде Бислимовски во денешното интервју за Независен.

Бектеши вчера предупреди дека ваквиот развој на нештатат ќе предизвика нов бран на инфлација и поскапувања на производите.

„Цената за електрична енергија за стопанството е над 220 Евра/MWh, што ќе придонесе во зголемување на цените на производите. ЕСМ увезува струја за потребите н домаќинствата со цена над 154 Евра/MWh“, алармираше меѓудругото вчера Бектеши.



Можеби ќе ве интересира

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите

„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите

ПАДОТ НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Каде ќе се пишува нова технолошка историја? Ова место привлекува гиганти

ПАДОТ НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Каде ќе се пишува нова технолошка историја? Ова место привлекува гиганти

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!