Огромна штета од невремето според првобитната пресметка
Објавено во: Агробизнис 18 Јуни, 2018 11:34
Пет милиони евра, толку според првичната проценка на земјоделците изнесуваат штетите од минатонеделното невреме во Овчеполието. Земјоделците очекуваат обесштетување и апелираат државата итно да го врати системот на градобијна заштита.
За денеска во Ново Село, директно на терен, е закажана средба со претставници на локалните самоуправи од Велес, Свети Николе и Лозово. На средбата ќе присуствува и ресорниот заменик-министер Благе Цветковиќ.
– Ние очекуваме обесштетувања, но зависи како ќе го „прогласат“ невремето. Штетата е фактички направена, невремето е виша сила, а градобијни ракети нема што е најголема слабост и не треба ни секунда да се размислува за нивно враќање со оглед на новата технологија. Денеска, во Ново Село, на самото место ќе се видат штетите и ќе се договориме како и кога ќе биде проценката зашто еден сопственик може да има во повеќе општини. Исто така има и луѓе со по 700 – 800 хекатри, изјави за МИА претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев.
Од невремето во средата најмногу настрадаа житните култури, лозјата, овошните насади и градинарството, но предизвикани се и материјални штети. Според Министерството за земјоделство кое ја потврди денешната средба, комисиите за проценка од локалните самоуправи се веќе формирани и денеска треба да излезат на терен.
Силните врнежи проследени со град и грмежи зафатија околу 5.000 хектари површина, од Велешко брдо до Црнилиште, Светиниколско.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





