17 Декември, 2025
0.1095

Oгромни разлики меѓу општините во трошењето пари за јавни набавки

Објавено во: Економија 17 Јули, 2013 14:32

Добивај вести на Viber

Споредбената анализа на јавните набавки во општините низ Македонија, која ја направи Центарот за граѓански комуникации во период од шест месеци, почнувајќи од  октомври 2012 до март 2013 година, констатира огромни разлики меѓу општините во трошењето пари за јавни набавки.

Во анализата се констатирани разлики не само според вкупниот износ на парите кои се трошат преку јавни набавки, туку и според потрошените пари за јавни набавки по жител. Така анализата покажува дека општината Шуто Оризари за јавни набавки троши 2 евра по жител, но затоа пак општина Центар троши 400 евра по жител. Во анализата исто така се констатирани и одредени нелогичности во спроведување на набавките. „Во повеќе од половина од мониторираните постапки за јавни набавки на локално ниво се бара од фирмите да исполнуваат одредени поспецифични услови за да можат да учествуваат на тендерите, со што се ограничува конкуренцијата“, се вели во Анализата. И покај тоа што е законски задолжителна, е-аукцијата се одржала само во 53 отсто од мониторираните постапки за јавни набавки, а доминантна причина за неодржување на е-аукцијата е тоа што имало само еден или ниту еден понудувач. „Поништувањето на постапките за јавни набавки на локално ниво се задржува на 15 отсто, исто како и во претходното полугодие. Една третина од поништените постапки од мониторираниот примерок на локално ниво се поништени поради тоа што не била поднесена ниту една понуда“, стои во Анализата. Ваквите недоследности, сметаат од Центарот, ја отвора дилемата дали јавните набавки се спроведуваат само за да се запази формата, што ја наметнува потребата од воведување контролни механизми за спречување на злоупотреби и прекршувања во сите фази од јавните набавки.      

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар