ОХИС направи загуба од 4,5 милиони евра во 2012, агонијата на вработените продолжува!
Објавено во: Анализа 01 Март, 2013 07:52
вработените во Охис.Од почетокот на годинава вработените добиле само 2 од 17 заостанати плати. Предупредуваат дека доколку не добијат барем уште три плати во најскоро време повторно ќе ги активираат протестите. До сега за Охис беа објавени 11 тендери, а како најпроблематично се покажа обврската да се задржат на работа сите вработени и да се продолжи со производството. Работниците од загубарот изминатава година континуирано протестираа пред Владата барајќи исплата на своите заостанати плати.
Охис се продава по десети пат
Неколку компании се во трка за нов газда на државниот загубар Охис. Владиниот портпарол неодамна најави дека на 11-от тендер ќе конкурираат повеќе фирми. Од синдикатот апелираат до Владата сериозно да пристапат во преговорите, бидејќи од овој тендер зависи судбината на повеќе од 800 вработени.
Неодамна медиумите шпекулираа дека имало заинтересирани за Охис, па дури и дека потенцијалните инвеститори се согласиле да ги обештетат работниците кои самоволно ке ја напуштат компанијата, но побарале потоа да немаат обврска да вработуваат нови кадри. Од синдикатот тогаш најавија дека доколку соодветно бидат обештетени, веднаш бројката од 800 вработени би се намалила на 500. Дури и министерот за финансии Зоран Ставрески на почетокот од годинава изјави дека се бара долгорочно решение за Охис.
„Во однос на долгорочното решение за ОХИС сите промотори и сите министри за привлекување инвестиции се задолжени прилично интензивно да работат на прашањето на изнаоѓање стратешки партнер за ОХИС и на контактирање на сите потенцијални инвеститори“, изјави Ставрески.
Ново раководство во Охис
На 6-иот состанок на Надзорниот одбор на АД ОХИС, некаде во почетокот на февруари се донесе одлука за избор на членови и именување на претседател на Управниот одбор на АД ОХИС. Нов претсдател на Управниот одбор е Леко Ристовски, кој воедно е и генерален директор, а членови се Илија Илијовски, Тони Јакимовски и Тони Димитриоски.
Сите гореспоменати членови на Управниот одбор на АД ОХИС се упишани во Централниот Регистар на РМ, извести компанијата. Се очекува новото раководство да најде модел за излез од таквата состојба, иако е јасно дека тоа ќе биде ѓаволски тешка работа, со оглед на сите досегашни неуспешни тендери.
Дел од експертите неколку пати досега повикаа да се стави крај на агонијата на вработените, а фирмата да се продава на парчиња без обврска да се задржи основната дејност. Во дел од шпекулациите се отвори можноста на местото на ОХИС да никне нов градежен комплекс, но и таа работа би одела тешко поради загаденоста на земјиштето, за што се потребни огромни суми за прочистување.
Мишко Иванов
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





