Добивај вести на Viber
Во вторник, на пристаништето во Охрид ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија помеѓу Охрид и Поградец.
Станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно.
Првите патници на оваа линија ќе тргнат во 11:00 часот.