Добивај вести на Viber
Со нов сообраќаен режим ќе се соочат туристите кои ова лето ќе го поминат во Охрид.
Поголем дел од Кеј „Маршал Тито“ покрај Охридското езеро ќе биде слободна пешачка зона, каде што нема да има паркирање на автомобили и одвивање на сообраќај.
Улицата „Партизанска“ ќе биде еднонасочна и ќе се поврзе еднонасочно со улицата „Димитар Влахов“ преку новопроектираната Улица 1 кај Тутунска банка исто така во центарот на Охрид.
Оние жители кои живеат во стариот дел на Охрид до своите домови ќе влегуваат со специјални налепници. Во периодот од 20 часот до 5 часот наутро ќе има забрана за движење на возила во центарот на градот кај улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“.
Новиот сообраќаен режим ќе почне да се применува од 15. јуни и ќе биде на сила се до крајот на август.