Охрид вечерва позагаден од Скопје - како е во Куманово?
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2023
Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, вечерва воздухот во Охрид е позагаден од воздухот во Скопје.
Со виолетова боја се обоени Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Струмица и Струмица што значи дека во овие градови воздухот е екстремно загаден. Високо загаден е воздухот во Гевгелија, Скопје, Велес, Тетово, Кочани и Гостивар. Но, на мапата Куманово е во зелена боја што значи дека воздухот е многу ниско загаден.
Во Куманово од месецов почна да функционира бесплатниот јавен превоз, кој има за цел да помогне за почист воздух. Во наредниот период ќе се види дали мерката ќе го даде ефектот. Планирано е бесплатниот превоз да трае до крајот на јуни.
На листата на air visual, Скопје е 14-ти најзагаден град во светот. Но, состојбата се менува од час во час.
foto freepik.com/grndzer0
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.