Охридска банка со нови кредити ќе го поддржува финансирањето на мали и средни претпријатија
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2013 15:37
Г. Аполонио Руиз Лигеро, Вицегувернерот на ЦЕБ изјави: „Со големо задоволство денес потпишавме Рамковен договор со Охридска банка Сосиете Женерал и на тој начин го потврдивме процесот на воспоставување на силна врска со една од најистакнатите институции во финансирање на мали и средни претпријатија во Македонија. Кредитот на ЦЕБ ќе придонесе за подобрување на пристапот на македонските МСП до соодветни извори на финансирање кои се критични за нивниот развој и нивната способност за задржување и креирање на работни места“ .
Филип Котора, член на Управниот одбор на Охридска банка изјави: „ Осуммилионскиот Рамковен договор за кредити со ЦЕБ треба да се земе како мерка за посветеноста на Охридска банка да обезбеди долгорочно поволно финансирање на бизнис секторот во Македонија. Банката за развој при Советот на Европа е значаен партнер на Охридска банка. Нејзината мисија повикува на промовирање на инвестициите во области кои се соочуваат со пречки за раст и конкурентност. Ваквите бизнис инвестиции резултираат со вработувања и развој во секторите во кои истите оперираат. Неодамнешните повици на бизнисмените од Македонија за поголема поддршка од банките е индикатор дека треба да се обрне поголемо внимание на предизвиците со кои тие се соочуваат. Сепак тие не треба да очајуваат. Охридска банка има средства и желба да финансира одржлив раст и да им помогне да се натпреваруваат на глобалниот пазар“.
Формирана во 1956, Банката за развој при Советот на Европа има 41 земји – членки. Дваесет и две од централна, источна и југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, кои се таргет на банката се дел од листата на земји членки. Како главен инструмент на политиката на солидарност во Европа, банката финансира социјални проекти преку овозможување достапни ресурси собрани во услови кои го одразуваат квалитетот на нивниот рејтинг (ААА со Мудис, негативен аутлук, АА+ со Стандард&Пурс, стабилен аутлук и AA+ со Фич рејтинг, стабилен аутлук). На тој начин обезбедува кредити за нејзините земји-членки, како и за финансирање на проекти од општествениот сектор, во согласност со нејзините одредби од Договорот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




