Охридска банка Сосиете Женерал ја наградува лојалноста на корисниците на Вестерн Унион услугите
Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2017 13:07
Охридска банка Сосиете Женерал ја започна Новата година со специјална програма за лојалност за корисниците на услугите на Вестерн Унион.
Имено, со специјалната понуда достапна во текот на промотивниот период што ќе трае до 28 февруари 2017 година, Охридска банка Сосиете Женерал го наградува со подарок секој клиент кој ќе направи најмалку три трансакции преку Вестерн Унион, реализирани во било која експозитура од мрежата на Банката ширум земјата.
Охридска банка Сосиете Женерал ја овозможува оваа дополнителна услуга имајќи ја предвид потребата за забрзување на процесот на трансфер на пари за голем број семејства ширум светот, за иселениците кои ги помагаат своите семејства во Македонија, за туристите и патниците, како и за деловните луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите готовински трансакции.
Повеќе информации за Охридска банка Сосиете Женерал може да најдете на www.ohridskabanka.mk
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




