16 Декември, 2025
0.1150

Охридска Банка Сосиете Женерал со нето добивка од 399,4 милиони денари во 2015

Објавено во: Економија, Мои пари 12 Мај, 2016 14:21

Добивај вести на Viber

На 12 Мај 2016 година се одржа годишно собрание на акционери на Охридска Банка Сосиете Женерал. Акционерите ги потврдија и усвоија резултатите и финансиските извештаи од работењето на Банката за 2015 година.

И покрај предизвиците во банкарскиот сектор генерирани од страна на домашната економија и социо-политичките случувања, Охридска Банка Сосиете Женерал остана во целост фокусирана на стратешките приоритети на своето делување, со особен фокус кон клиентите на Банката од деловниот и од граѓанскиот сектор. Како резултат на тоа, во 2015 година, Банката оствари нето добивка од работењето во износ од 399,4 милиони денари што е за 72% подобар резултат од оној постигнат во 2014 година.

Овој резултат покрај тоа што претставува потврда за посветеноста и континуитетот во работењето, исто така во голема мерка ја дефинира стратешката определба на Банката, да ја зацврсти и значајно да ја подобри својата позиција во банкарскиот сектор во Република Македонија.

Континуиран и стабилен тренд на пораст на перформансите на Банката е забележан и во следните категории:

  1. Пораст на кредитите за 15%
  2. Пораст на средствата на Банката за 3,7% и
  3. Регистриран коефициент на трошоци/приходи од 50,6%

Банката преку своето делување значајно придонесе кон растот на кредитите во Банкарскиот сектор со удел од 12.3% во годишниот раст на вкупните кредити на нефинансиски субјекти. При тоа, ваквиот раст на кредитната активност е остварен, задржувајќи го квалитетот на кредитното портфолио со низок процент на нефункционални пласмани, кој воедно, е и значајно понизок од просекот во банкарскиот сектор и изнесува само 7,2%.

Билансот на состојба на Охридска Банка за 2015 година изнесува 33 милијарди денари со тренд кој е во рамките на планираните достигнувања, забележувајќи зголемување од 3,7% во однос на 2014 година.

Учеството на кредитите од Меѓународни финансиски институции  во вкупните извори на средства за 2015 година изнесува 15,7%, со што се потврдува долгорочната определба на Банката да го диверзифицира своето портфолио и структурата на извори за финансирање.

За Охридска Банка Сосиете Женерал 2015 година е најуспешна за целокупниот период од своето постоење па до денес. Банката континуирано и од година во година ги подобрува своите деловни перформанси и финансиски резултати, што пред сé, се должи на растот на комерцијалните активности на Банката во сите деловни сегменти на работењето. Постигнатите резултати, не само што претставуваат повеќе од солидна платформа за одржлив раст во работењето на Банката, туку ја претставуваат и основата на која деловните капацитети и човечките ресурси на Банката ќе ги градат деловните планови, како за 2016 година, така и за периодот кој претстои.

Покрај посветеноста кон основните деловни активности, Охридска Банка Сосиете Женерал започна и процес на сопствена трансформација со цел да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и сопствената позиција на релација Банка – Клиент. Постигнатите резултати се само потврда дека овој процес е повеќе од успешен, а со тоа и дека истиот ќе продолжи во периодот кој следува.

“Постигнатите резултати и успешните финансиски перформанси за 2015 година се потврда на нашите залагања, посветеност и професионален пристап во определбата Охридска Банка Сосиете Женерал да ја зацврсти својата позиција во македонскиот банкарски сектор, а со тоа, да создаде реална основа за понатамошен раст и развој. И во иднина остануваме доследни во нашите заложби да ја развиваме банката, да имплементираме иновативни проекти за одржлив раст и портфолио на услуги, со цел да ги оствариме планираните резултати, а при тоа, задоволството на корисниците на услугите на Банката да остане на високо ниво.” – Изјави Бранка Павловиќ,  Претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Сосиете Женерал.

Во контекст на извонредните резултати и постигнатите финансиски перформанси, а за прв пат од 2007 година кога Сосиете Женерал Грпацијата стана сопственик на Охридска Банка АД, Собранието на акционери на Охридска Банка Сосиете Женерал ја усвои одлуката, 10% од остварената нето добивка за 2015 година во еквивалентна вредност од 39,9 милиони денари или 91 денар бруто износ по акција, да биде исплатена како дивиденда на сопствениците на акции.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност