05 Декември, 2025
0.0327

Охридскиот буџет за наредната година е тежок 16,1 милиони евра

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012 13:49

Добивај вести на Viber

Советот на општина Охрид денеска го усвои општинскиот буџет за 2013 година проектиран на 16,1 милиони евра што е за пет милиони евра повисок од годинашниот.

За усвојувањето се изјаснија советниците од мнозинството на СДСМ, додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата со образложение дека нема да му дадат легитимитет на буџет кој, како што рекоа, е неразвоен и тотално промашување пресликано од претходната година.

Градоначалникот Александар Петрески истакна дека 46 проценти од буџетските средства се наменети за развој на градот и за капитални инвестиции.

- Не е точно дека не е развоен буџетот. Ние не можеме да ги развиваме „ЕМО“ и останатите субјекти што се надлежност на државата. Се знае што се капитални инвестиции - изградба на патишта, тротоари, водовод, колектор, потоа гасификација, субвенции на туризмот,..., рече Петрески.

Членовите на општинскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ, освен што ја напуштија седницата, не ги примија ниту новогодишните подароци од локалната самоуправа, оценувајќи го чинот како лицемерие зашто, според нив, десет месеци не го примиле паушалот за работа.

Градоначалникот Петрески рече дека паушалите ќе бидат исплатени веднаш откако министерствата за финансии и за локална самопурава ќе ги регулирааат обврските кон општината по однос на поврат на средства од ДДВ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници