05 Декември, 2025
0.0320

Охриѓани затечени-поплавени домови, плажи и колекторски системи

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013 11:09

Добивај вести на Viber

Низа проблеми предизвикаа обилните врнежи од дожд кои го зголемија нивото на Охридското Езеро за 21 сантиметар.  Почнувајќи од преплавениот колекторски систем кај селото Подмолје и населбата Далјан, па се до поплавените куќи во Пештани. Од Центарот за управување со кризи, инфомираат дека нивото на Охридското Езерото во последните два дена е непроменато, односно изнесува 693,96 што претставува дваесет и еден сантиметар над максималната кота која се наоѓа на 693,75 метри надморска височина. -Отсекогаш го имаме овој проблем. Поплавени ни се подрумските простории во куќите. И тоа не е само во нашата куќа, туку во повеќето во селото. Онаа пострашното допрва следува кога водата ќе се повлече. Како и да е, штетите се секогаш на наши грб.“  - изјавил Ристе Башоски, жител на крајбрежното село Пештани за охридскиот портал. И популарниот “Цип“ или станбениот комплекс во близина на центарот на Пештани, веќе подолг временски период се наоѓа под вода. -Во овој станбен комплекс има повеќе дуќани кои се под вода. Тука се наоѓа и една продавница која претрпе големи штети. Жалосно е што еден ваков објект е целосно поплавен.“ - вели жител на селото. Според професор доктор,  Здравко Крстаноски, овој проблем  за жал е предизвикан со изградбата на црнодримските хидроелектрани, со цел земјава да има електрична енергија. -Факт е дека треба да има електрична енергија, но станува збор  за акватичен еко систем од кој се зема вода за таа енергија. Проблемот настанува и лежи во нерегулираниот истек на водата од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим.“ - вели Крстаноски. Научните работници, во повеќе наварти апелираат навремено да се регулира истекот на Охридското Езеро, со цел поплавите од пред неколку години да не ни се повторат.   Фото: Охридњуз

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј