29 Септември, 2024
0.0265

ОИЛКО ја зголеми добивката во првиот квартал

Објавено во: Економија 18 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

ОИЛКО е единствено командитно друштво во земјава и е најголем поединечен акционер во „Макпетрол“ најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати и горива. „Макпетрол“ е најзначаен клиент на ОИЛКО, а воедно е и најголем поединеќен акционер во командитното друштво и поседува 35,6 отсто од акциите на компанијата.

Во периодот јануари - март 2015 година, Оилко оствари оперативни приходи во висина од 94,4 милиони денари и оперативни расходи од 83,5 милиони денари при што оствари добивка пред оданочување од 10,2 милиони денари информираат од фирмата.

„Остварената добивка се должи на: зголемени приходи заради зголемениот обем на извршен транспорт, намалените оперативни расходи што се должи на намалената амортизација, заради завршената обврска за пресметка на амортизација на одреден број возила и на помалку набавени нови возила во однос на минатата година и намалени финансиски расходи заради намалените расходи за камати“, информира оваа фирма.

Инаку, ОИЛКО, скопската транспортна компанија специјализирана за транспорт на нафтени деривати и горива, лани успеа да оствари поголем профит од работењето во услови кога оствари помал обем на работа и и пониски приходи од продажба во споредба со 2013 година, покажаат билансите на успех и состојба што компанијата ги објави на Македонската берза за хартии од вредност.

ОИЛКО е единствено командитно друштво во земјава и е најголем поединечен акционер во „Макпетрол“ најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати и горива. „Макпетрол“ е најзначаен клиент на ОИЛКО, а воедно е и најголем поединеќен акционер во командитното друштво и поседува 35,6 отсто од акциите на компанијата. Втор по големина акционер во ОИЛКО е Андреја Јосифовски со 14,9 отсто од акциите, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“.

Билансите што ги објави ОИЛКО сами за себе говорат многу и за „Макпетрол“ заради тоа што компанијата е најголем клиент на ОИЛКО. Имено штом билансите на ОИЛКО покажуваат пониски приходи од продажба односно намален обем на транспортни услуги што ги дава компанијата веднаш значи дека „Макпетрол“ нивните цистерни и транспортни камиони ги ангажирал во помал обем за своите потреби за траснпорт на горива до нивните над 115 бензински пумпи ширум земјава.

ОИЛКО, лани на квартално ниво остварувал просечна добивка од 5,9 милиони денари (безмалку 100.000 евра), а просекот на приходи од продажба на квартално ниво изнесува 90,5 милиони денари (1,47 милиони евра) при што, во вакви услови, профитната маргина е 6,5 отсто од приходите од продажба.

ОИЛКО лани поделил дивиденда на своите акционери во износ од 120 денари за акција. Според најновите податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност друштвото има вкупно 63 акционери – домашни физички лица и еден акционер – домашно правно лице, а тоа е „Макпетрол“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија