Оилко трупа профити, Макпетрол книжи загуби!
Објавено во: Анализа 19 Ноември, 2012 08:10
Но, интересен е фактот што Јосифовски успева Оилко да ја направи профитабилна компанија, а Макпетрол за првите девет месеци е во загуба од 460.000 евра, додека лани речиси 50.000 евра. Во 2010 година Макпетрол имаше загуба од 3,7 милиони евра, а во 2009 година од дури 4,5 милиони евра. Според податоците од КХВ, Макпетрол книжи и помали приходи од продажба за првите три квартали, од 293 милиони евра лани, на 290 милиони евра годинава. Според анализата на трошоците, во првите девет месеци од годината Макпетрол прикажува дека за вработените потрошил близу 11 милиони евра, наспроти потрошените 12 милиони евра за истиот период во 2011 година. Податоците од Македонска берза покажуваат дека Макпетрол работел профитабилно до пред формирањето на Оилко од страна на Јосифовски и уште 20 други менаџери од Макпетрол.
Според структурата на трошоците, податоците на Комисијата за хартии од вредност не даваат одговор колку 120-те вработени го чинеа Оилко во првите девет месеци од годинава.
Во официјалното соопштение на Оилко до КХВ пишува дека добивката е резултат на “спроведувањето на зацртаните планови за работење како и натамошниот развој на Друштвото во рамките на дејноста на транспортот. Ваквиот тренд се очекува да продолжи и во наредниот период со што ќе се создаде основа за надополнување и проширување на работењето на Друштвото како во земјата така и во странство“.
Оилко веќе пет години транспортира горива, а е формирана за потребите на Макпетрол. Компанијата има сопствена автобаза во село Миладиновци, во близина на Скопје. Има 59 автоцистерни, со кои транспортира светли деривати (бензин и дизел-горива), темни деривати (мазут и битумен) и течен нафтен гас.
Зошто Макпетрол не работи профитабилно, а држи 50% од пазарот на малопродажба на горива во земјава?!
Зачудува фактот што компанија која ја има најголемата мрежа, од дури 120 бензински пумпи во Македонија да прави толку големи загуби особено кога цената на бензините речиси и да руши рекорди?!
Ако се земе предвид дека во малопродажбата на нафтени деривати Макпетрол учествува со 50% (10% од пазарот отпаѓа на Лукоил, а 40% на помалите трговци со нафтени деривати), работењето со загуба во последните три години е зачудувачки. За споредба, во истиот период двата други поголеми играчи во нафтениот бизнис, Окта и Лукоил, работеа со зголемен профит, кој се брои во над еден милион евра. Во последните три години Макпетрол добива и голем дел од државните тендери за снабдување со нафта и нафтени деривати на многу државни и јавни институции (податоци достапни од страницата на Бирото за јавни набавки). Оттука, се наметнуваат дилемите за лошото финансиско работење на Макпетрол?!
Лошите финансиски резултати од компанијата ги правдаат со “падот на прометот на нафтените деривати за 3 индексни поени и на падот на прометот на природниот гас и тоа за 46 индексни поени во однос на истиот период од претходната година. Загубата која Друштвото ја искажа во првото полугодие од 2012 година во висина од 123,09 милиони денари на крајот од третиот квартал е сведена на загуба во висина од 28,57 милиони што е резултат на зголемениот промет на нафтени деривати во третиот квартал за 15 индексни поени во однос на претходниот квартал“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





